Охрид утревечер ќе биде во знакот на хип-хоп музиката, бидејќи во „Егоист Бич Бар“ пристигнува GOAT TOUR – спектакуларната турнеја на Џала Брат и Буба Корели, која ова лето ги полни концертните простори низ регионот.
Организаторите најавуваат вечер исполнета со енергија, врвна продукција и настап што ќе понуди повеќе од три часа аудиовизуелно шоу, збогатено со импресивни сценски ефекти и најголемите хитови на популарното музичко дуо.
Покрај добро познатите песни што со години се меѓу најслушаните во регионот, публиката ќе има можност во живо да ги слушне и нумерите од нивниот актуелен албум „GODZILLA“, кој веќе бележи одлични резултати на музичките топ-листи и стриминг платформите.
GOAT TOUR е во организација на Music Week, платформата која стои зад организацијата на некои од најголемите музички настани во регионот.
Вратите за посетителите ќе бидат отворени од 19:30 часот, додека од 21:00 часот за загревање на атмосферата ќе биде задолжена Форора. Главниот концерт на Џала Брат и Буба Корели започнува во 22:00 часот.
Со спектакуларна продукција, препознатлив сценски настап и репертоар исполнет со хитови, организаторите најавуваат незаборавна вечер и еден од најголемите хип-хоп настани ова лето во Охрид.






