Натпреварот во сурфање, кој во рамките на Олимписките игри се одржува во Француска Полинезија, на кратко беше прекинат поради појава на кит.
Кит се појави за време на полуфиналето во женска конкуренција меѓу Бразилката Татјана Вестон-Веб и Костариканката Брис Хенеси на Тахити.
Китот изведувал различни трикови пред камерата, а потоа допливал назад во длабочините, објави Sky News.
Златото во сурфање во женска конкуренција го освои Американката Каролин Маркс, а во машка Французинката Каули Васт.