Песните од Тоше ќе се пеат на „Еврофест 2018“

„Еврофест 2018“ оваа година е во знакот на Тоше Проески. Фестивалот ќе има две вечери и тоа на 28. и 29. септември а ќе се одржи во Крушево и Скопје. Во петок во 17. часот, во Амфитеатарот во Крушево, во чест на Тоше Проески ќе пеат Лауретати (победници) на европски фестивали и тоа: Дона Александрова – Русија, Јорданка Христова – Бугарија,Натали Дениз – Украина, Ана Стефановиќ – Србија,Александра Војтик – Белорусија, Бенџамин Хасиќ – Босна и Херцеговина,Јулија Арнаут – Молдавија, Клодијана Вата – Албанија, Витали Органџи – Грузија, Ѓоко Ѓорчев – Македонија.

dobivaj vesti na viber

На оваа програма ќе бидат пуштени три видеа од најпопуларните песни на Тоше Проески а се’ ќе биде проследено со танцови на мелодиите кои се’ сеуште присутни меѓу фановите на Тоше и меѓу сите љубители на популарната музика.

Втората вечер ќе биде во Скопје (сабота, 29. септември) во Дом на АРМ,кога ќе биде одржана вечерта „Хит мелодии“. На „Хит мелодии“ ќе можеме да ги слушнеме, со најнови композиции: Ѓоко Ѓорчев,Серафина Фантаузо, Захари Чернев – Бугарија,Маргица Антевска,Рената Блажевска,Мери Тодорова – Младеновска,Глигор Гошев. Традиционалната награда за животно дело ќе и биде доделено на Добрила Чабриќ Ивановска која имаше настапи на шоуто „Никогаш не е доцна“.

Scroll to Top