Пет дена на „Ентер фест“ за само 990 денари

Утре точно напладне ќе почне претпродажбата на билетите за петдневниот фестивал „Ентер фест“. Цената за комплет билети за сите денови во претпродажба е само 990 денари. Билетите ќе можат да се купат на продажните места на сите филијали на „Халк банка“ и на http://mktickets.mk/.

Истовремено ќе се одржи прес-конференција на која организаторите на големиот музички фестивал ќе ги откријат имињата на музички ѕвезди што ќе настапат во Скопје од крајот на мај. На две големи сцени, поставени во и пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе настапат шеесетина музичари, популарни бендови и диџеи. Организаторите открија дека во Скопје ќе настапи и пејачката Ера Иштрефи, најпозната со хитот „Бон-бон“.

Фестивалот има за цел на едно место да ги спои сите љубители на добрата музика од Македонија и од соседните земји. Освен што велат дека ќе има музича за сечиј вкус, организаторите додаваат и дека на посетителите ќе им понудат најевтино квалитетно пиво, по цена од само 80 денари.

Scroll to Top