„Плачат и најсилните“, нова збирка поезија на Ивана Поповска

Поетесата Ивана Поповска ја промовира новата збирка поезија „Плачат и најсилните“ во издание на „Арс ламина“.

„Инспирацијата ја пронаоѓам насекаде, во секојдневието, во денот што буди поезија, во прошетките во природа, во сѐ она што ме прави среќна“, рече Ивана на промоцијата. „Често знае да заплаче и најсилниот кога товарот ќе стане претежок, а очите упорно го бараат сјајот во утринските зраци, во денот, за малку насмевка и парче рај во ноќта кога тагата ја прегрнува тишината.“

Изминативе пет години Ивана ги има издадено стихозбирките „Ги допирам ѕвездите“, „Вљубено срце“, „Виори низ светот на заљубените“, „Од љубов со љубов за Македонија“.

Scroll to Top