Популарните пејачи влегоа во финале на „Макфест“, дебитантите не поминаа кај жирито

Џина Папас-Џокси, Сара Гигова, Наташа Малинкова, Ѓоко Танески, Лина Пејовска, „Тајфата“ и Димитар Андоновски, Симона Попоска, Игор Узунов, Пепа и Мина Блажев се првите десет финалисти од првата полуфинална вечер на годинешното издание на „Макфест“. Фестивалот вчеравечер се одржа во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип.

Годинава има измени во гласањето, за финалистите одлучуваат две жирија – едно стручно и едно медиумско, како и публиката од салата, а телефонското гласање е укинато.

Вечерва ќе се одржи втората полуфинална вечер. Финалето е в сабота. За натпреварувачите и нивните тимови се предвидени награди од 5 000 евра за прво место, 4 000 за второ и 3 000 за трето. Ќе има и награди од по 500 евра во повеќе категории.

Scroll to Top