Премиера на „Мизантроп“ на Охридско лето

На 19 јули „Театар комедија“ ќе ја има премиерата на комедијата „Мизантроп“ од Молиер. Првата изведба на претставата во режија на Ана Вукотиќ ќе се одржи во рамки на „Охридско лето“. Главните улоги во претставата ги играат Атанас Атанасовски, Магдалена Ризова – Черних, Илија Илиоски, Жарко Димоски и други.

„Оваа сериозна комедија е поглед во човековата душа на современиците од периодот кога била пишувана во 17 век, но e и магнетна резонанца на нашето време. Ова е и драматуршка потрага по тоа кој е човекомразецот во пиесата – Алсест или Оронт, или можеби Селимена, Арсиноја… Сите ликови во оваа трагикомедија се драматуршки биполарни, расцепени помеѓу стравот и страста, разумот и срцето. Понекогаш овие борби и ова биполарно растројство знаат да бидат смешни, забавни“, вели драмарургот Дарко Јан Спасов.

Кореограф на претставата е Соња Вукичевиќ, а сценограф: Јелена Томашевиќ. Музиката на направи Александар Радуновиќ – Попај, а костумите се на Лина Лековиќ.

Scroll to Top