Вчеравечер во кино „Култура“ се одржа премиерата на претставата „Островот на скриеното богатство“ во изведба на Младинската сцена на ОС театар „Чекори“.
Двајца кралеви тргнуваат да го најдат најголемото богатство во светот, а кога ќе го откријат ковчегот, сфаќаат дека тоа не е злато туку во ковчегот е скриена љубовта, стои во синопсисот на претставата.
Режисер е Петко Костовски, а во претставата настапија Ангела Ампова, Јована Јовева, Виктор Китановски, Александар Ивановски, Моника Ландова, Сара Мирческа, Сања Балшиќеска, Стефан Хаџи Ефтимов, Милица Димитриевска, Тамара Стојановска и Никола Димевски.