Промоција на македонска илустрирана енциклопедија за деца на Саемот на книгата

Македонска илустрирана енциклопедија за деца од авторките м-р Ели Маказлиева, Татјана Грегова и Александра Велинова ќе биде промовирана на 7 мај (понеделник) во 10.30 часот во рамките на 30. по ред Саем на книгата.

Промотори на енциклопедијата се проф. Д-р Христо Петрески и учениците од ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од општина Кисела Вода и децата од градинката „13 Ноември“ од Скопје,

Во неа се обработени 39 тематски содржини што даваат основни информации за Република Македонија, за нејзините убавини, како и позначајни податоци приспособени на возраста на детето.

Оригиналните илустрации ги презентираат содржините како неизоставни елементи што ќе го дооформат впечатокот на енциклопедијата.

Идејно-концепциската и содржинската структуираност од попросто кон посложено дава посебен белег за приемчивост и достапност за децата дополнувајќи го дефицитот на литература од ваков вид кај нас и создавајќи драгоцен придонес во литературата за деца.

Рецензенти на енциклопедијата се проф. д-р Татјана Котева-Мојсовска и проф. д-р Сузана Никодиновска-Банчотовска, двете професорки на Педагошкиот факултет, како и д-р Христо Петрески, писател, поет, есеист и книжевен теоретичар.

 

Scroll to Top