Во Велес од денес до сабота ќе се одржи првата стрип-колонија во Македонија.
Според организаторите, колонијата е еволутивен напредок во организирањето на традиционалниот стрип-салон, кој секоја година се организира во Велес.
На првата стрип-колонија ќе учествуваат гости од Србија, Лесковац и Белград, потоа Црна Гора и автори од разни генерации од Македонија.
Нивна задача за време на престојот ќе биде да нацртаат стрип, без оглед дали е претходно подготвен. Под надзор за Владимир Весовиќ, специјален гостин од Белград тие ќе ги развиваат своите способности. Стрип-колонијата во Велес ќе се одвива во просториите на средношколскиот дом „Лазар Лазаревски.“
Нацртаните стрипови ќе бидат во конкуренција за првата награда на веќе објавениот интернационален стрип-конкурс (рок 20 септември), а со тоа и објавување во ревиите „Стрип креатор“ и „Алманах“, како и традиционалната стрип изложба, во средината на месец октомври во Велес.