Првиот автомобил од инстант лозот ПАРКиРАЈ ХИБРИД паркиран во Охрид

Државна лотарија на Македонија денес го додели и првиот автомобил од инстант лотаријата ПАРКиРАЈ Хибрид, во Скопје во салонот на Тојота Авто Центар.

Марјан Шикалески од денес ќе го вози и паркира свјот нов автомобил TOYOTA AURIS HIBRID низ улиците на Охрид. Маријан  е редовен играч на игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија и како што ни раскажа не поминува ден да не изгребе по некој инстант лоз. За него продажното место СЕМАФОР ТОП МАРКЕТ во Охрид се покажало како среќно, бидејќи во него го купил инстант лозот ПАРКиРАЈ Хибрид. Откако претходно имал добивка од само 40 денари од друг инстант лоз, решил да си ја проба среќата со ПАРКиРАЈ ХИБРИД, па така на веќе спечалените 40 денари додал уште 20 и купил инстант лоз ПАРКиРАЈ ХИБРИД. Откако го изгребал полето за гребење и ги видел трите симболи кои му донеле автомобил TOYOTA AURIS HIBRID, на неговата среќа ѝ немало крај. Денес ги доби сите стручни инструкции од тимот на ТОЈОТА АВТО ЦЕНТАР во однос на автомобилот, а водителката на НовоЛото 7/34 Марјана Станојковска му ги предаде клучевите. Токму затоа ни порача дека ќе продолжи да ги игра игрите на среќа на Државна лотарија на Македонија и дека од сега ќе стане верен играч и на НовоЛото 7/34.

Марјан од Скопје со својот нов автомобил замина за Охрид, а уште 9 вакви автомобили TOYOTA AURIS HIBRID ги чекаат своите нови сопственици во инстант лозот ПАРКиРАЈ ХИБРИД. Пронајдете го и вие вашиот среќен инстант лоз и не пропуштајте ја шансата да возите нов автомобил или пак да освоите некој парична добивка од инстант лотаријата ПАРКиРАЈ ХИБРИД.

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА НА МАКЕДОНИЈА

ЗА ДОБРО

 

Scroll to Top