Ракометарите од РК „Пелистер“ заедно со навивачката група Чкембари вчера донираа дрва за огрев и прехрамбени продукти на 62-годишната Љуба Поповска од Битола, пишува „Бабам Битола“.
„Баба Љуба имаше потреба од огревно дрво за да ја презими зимата и затоа се одлучивме да донираме неколку кубици дрва за да има барем основни услови за живот“, рекол Сашо Шамбевски, извршниот директор на РК „Пелистер“.
Навивачката група „Чкембари“ за старицата донираше прехрамбени продукти.