Русија победи на Јуниор евровизија

Претставничката на Русија, 14-годишната Полина Богусевич, победи на годинешното натпреварување Јуниор Евровизија. Македонската претставничка Мина Блажев заврши на 12. место.

Изборот за најубава јуниорска песна се одржа во Тбилиси, Грузија, а Полина собра 188 поени со песната „Крилја“. На второто место беше претставникот на Грузија, а трета Австралијката Изабела Кларк. Оваа година првпат при изборот на победникот можеше да се гласа и за сопствената земја, а се гласаше преку интернет-страницата на Јуниор евровизија.

Во натпреварувањето учествуваа претставници на 16 земји: Австралија, Албанија, Ерменија, Белорусија, Грузија, Ирска, Италија, Кипар, Македонија, Малта, Полска, Португалија, Русија, Србија, Холандија и Украина.

 

Scroll to Top