Хрватската поп-пејачка Северина се расоблече на сцената пеејќи ги своите хитови ѝ ја крена на нозе публиката во Штип. Возбудената публика која беше дојдена ѝ да се забавува и да јаде пастрмајлија, во еден глас ги пееше хитовите на Северина. По две минутниот огномет хрватската пејачка ја започна вечерта. Публиката во транс, во еден глас го пееше еден од хитот „Туторијал”.
Вечерта на штипската пастрмајлијада продолжи со “Генерале” , „Уно моменто” , а се се редеа хитови и песни кои ги пееа сите, од малолетници до пензионери. Северина имаше одличен сценски настап, па понесена од атмосверата се расоблече на сцената и продолжи да пее. Хрватската пејачка денес стигна во Штип и прво го посети градоначалникот, а потоа одмараше во еден од хотелите. Пред нејзиниот настап на сцената пееше Јоце Панов , кој ја најави хрватската пејачка со песната „Београд” од Цеца К. Ландов