Систер Блис, членка на прославената британска електронска група „Фејтлес“, на 3 јуни ќе настапи со диџеј сет на годинашното издание на фестивалот „Скопје колинг“, на стадионот на АРМ во Скопје.
Во последните две години, 46-годишната Ајала Дебора Бентовим, позната под уметничкото име Систер Блис, настапува на светските музички фестивали со проектот „Фејтлес диџеј сет“. Систер Блис, досега двапати има настапено со „Фејтлес“ во Скопје.
Претходно, на 2 јуни, на „Скопје колинг“ ќе настапи и Алан Вокер.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба в четврток преку продажната мрежа на „Купи карти за сѐ“ и онлајн по цена од 600 денари. Истиот ден ќе бидат пуштени и блок-влезници за Алан Вокер и Систер Блис по цена од 1.300 денари.