Фестивалот „Таксират“ една година пред својата 20-годишнина ќе ги почести своите фанови со бесплатни концерти. Оваа година ќе нема класичен „Таксират“ поради уривањето на Скопски саем, па повеќе од 30 музичари и групи ќе настапат во рамките на ПИН конференцијата што ќе се одржи до 30 ноември до 2 декември, а сите концерти ќе бидат бесплатни.
Настанот ќе се одржи во МКЦ, а првата вечер ќе настапат австралиско-американскиот бенд „Лајрс“ и нашите „Палиндром“. Во следните два дена на сцената на МКЦ ќе се појават „Баба Зула“ (Турција), „Визељ“, „Стреј догс“ (Србија), „Дебели прецједник“ (Хрватска), и многу македонски бендови: „Киборг“, „Поган паган“, „Баклава“, „Културно-уметнички работници“ и други.