Со спорт против насилството во училиштата

Денес над 500 деца од основните училишта во Скопје трчаа на традиционалниот Детски мини-маратон, 12. по ред. Оваа трка од 500 метри се организира пред самиот Виз Ер Скопски маратон како негов предвесник, со цел да се поттикнат најмалите од рана возраст да се впуштат во здравиот начин на живеење и да создаваат училишта без насилство.

Партнер на Детскиот мини маратон е УНИЦЕФ чиј претставник, Бенџамин Перкс рече: „Со поддршката која им ја даваме на децата да спортуваат, ги учиме кон основните човекови вредности кои ќе ги водат низ животот создавајќи кај нив чувство на тимска игра, самодоверба и пожртвуваност.“

Најмалите оваа година ги бодреше светската рекордерка во маратон Пола Редклиф.

„Многу ми е драго што на овој прекрасен ден гледам толку многу среќни деца. Уживајте во овој спорт и продолжете да се борите да сте победници во сѐ што правите,“ рече таа по трката.

 

Scroll to Top