Матеј Аларов (18) со Скопје, момчето со Даунов синдром, освои сребрен медел во пливање во дисциплината 50 метри грбно на Меѓународните спортски игри за лица со инвалидидет „Белград опен 2018“.
Освен Матеј, и Никола Стојановски (14) од Скопје, исто така со Даунов синдром, освои брозен медал во пливање слободен стил. На Меѓународните спортски игри во Белград, кои се одржаа викендов, учествуваа над 700 учесници од дваесет земји од светот. Учесниците од Македонија, од Здружението на лицата со посебни потреби „Трисомија 21“, се натпреваруваа во категоријата пливање. Освен спортските игри во Блеград, следниот месец заминуваат на спортскиот меѓународен натпревар во Сараево, каде што повторно ќе ја претставуваат нашата земја. Од „Трисомија 21“ велат дека и од тука очекуваат да се вратат со медали.