Сто изведби на „Стјуардеси“ во Театар Комедија

На сцената на Театар Комедија утре, 28 октомври, со почеток од 20 часот ќе се одигра 100. изведба на претставата „Стјуардеси” од Марк Камолети. Претставата премиерно беше изведена на 6 декември 2013 година и оттогаш ја виделе над 32.000 посетители.

„Претставата ‘Стјуардеси’ е најпродаваната театарска претстава во Република Македонија за 2014 година, а актерите Атанас Атанасовски и Валентин Костадиновски-Тино истата година за улогите во претставата го добија признанието најдобар млад актер. Веќе следната година претставата на манифестацијата ‘Златна Бумара’ го доби признанието за претстава на годината“, соопштуваат од театарот.

Претставата во која настапуваат Атанас Атанасовски, Валентин Костадиновски-Тино, Жаклина Петровска, Кристина Ласовска, Тања Мицков и Марија Кондовска, е во режија на Синиша Евтимов.

Scroll to Top