„Стори“ со награди за најдобрите во Македонија

На 20 март во хотелот „Александар Палас“ ќе се одржи првата Story awards party во Македонија. На настанот ќе им бидат доделени награди на актери, музичари, телевизиски, спортски и бизнис личности. Изборот на награденире го направи регионалното уредништвото на магазинот Story.

На самиот настан ќе биде промовирано и новото специјално издание на магазинот Story кое за првпат ќе се појави на македонски јазик во Македонија.

Story e најтиражен магазин за познатите личности, препознатлив по актуелните и ексклузивни содржини, но и по интересните приказни од животот на славните личности.

Scroll to Top