Свадбени декорации од мраз на 8. саем за венчавки

By

Годинашниот саем за венчавки ќе се одржи по 8. пат во периодот од 23 до 25 февруари годинава во хотелот „Александар Палас“.

dobivaj vesti na viber

На саемот ќе можете да видите што е новитет во декорирањето, како и во свадбеното осветлување. На саемот ќе имате и ретка можност да погледнете свадбени декорации од мраз, дело на „Ајс технолоџи“.

Дел од јавните личности, меѓу кои Маријана, Зои Блаж, Јана Бурческа, Викторија Лоба, ќе бидат дел од традиционалниот Саем за венчавки.

Свеченото отворање е на 23 февруари со почеток од 20 часот. На ревијата ќе се појават познати македонски дами и џентлмени во венчаници и костуми, а целиот амбиент ќе биде во стилот на свадбена Дизниева бајка.

Вториот и третиот ден се посветени на сите идни брачни парови и нивните најблиски. За сабота и недела се закажани неколку индивидуални модни ревии на венчаници, костуми, како и работилници и презентации на невестинска шминка и фризура.

Елена Лука, Мила Кадриу, Антонија Ристовска, „Пепика атеље“, „Дивајн“ се дел од креаторите и модните куќи кои ќе бидат дел од саемот.

 

Ќе ви се допадне