На 12. Март 2018 година, светската атракција Fire of Anatolia доаѓа во Скопје, во Вип Арената Борис Трајковски.
Основен концепт на Fire of Anatolia е спојот на цивилизациите. Тоа е танцов портрет давајќи универзални пораки за мир, а сето тоа во со нивното спектакуларно шоу .
„Огнот на Анадолија“ е светско шоу, културен празник со современи стандарди, комбинирање на фолклорни игри со балет, со современи танци и други дисциплини на танц.
Fire of Anatolia, со потекло од митолошката и културната историја на Анадолија, е уникатен проект кој содржи 3.000 танцови фигури и народна музика, кои се составени од речиси секој регион на Анадолија. Проектот кој екреиран од Мустафа Ердоганима цел да го претстави “Огнот на Анадолија” на целиот свет, кој се заснова на идејата за комбинирање на концептот на “мирот” со културниот и историски мозаик на Анадолија илјада години наназад.
Fire of Anatolia остави голем белег на големите настани што се одржуваат во Турција, како што се: Евровизискиот натпревар 2004, Формула I Истанбул Гран При 2005, İzmir Universiade 2005, ФИБА Светско првенство во кошарка 2010, церемонијата на отворање и затворање на Универзијадата 2011 Ерзурум Зимски Игри и церемонијата на отворање на Европскиот олимписки фестивал “Трабзон 2011”.
Билетите се пуштени во продажба и истите може да се набават на сите продажни места на КупиКартиЗаСе, Пола Југотон, Цвеќара “Розе” – Веро2, како и онлајн на www.kupikartizase.com.