Најпосетуваниот танцов музичко-сценски спектакл на светот, Lord Of The Dance на Мајкл Флетли на 11 април ќе настапи во Вип-арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Тие ќе го претстават новото шоу „Опасни игри“. Како специјален гостин на овој настап ќе има ансамблот „Танец“.
Веќе шест децении „Танец“ со своите уникатни носии ширум светот претставува вистински амбасадор на македонското културно наследство. Репертоарот на „Танец“ го сочинуваат најубавите игри и песни од земјава, па за македонската публика ќе изведат дел од нив.
Lord of The Dance од 1996 година е најпродаваната танчерска приредба на светот. Досега гостувале во повеќе од 60 земји. На нивните изведби настапуваат 200 танчери, а менуваат вкупно 1.200 костуми.
Организаторот „Пасворд продукција“ најави дека билетите се веќе во продажба.