Средствата собрани од продажбата на билетите од последната претстава секој месец „Театар комедија“ ги донира во хуманитарни цели. Оваа акцијата продолжува и со средствата што ќе бидат собрани од вечерашната претстава.
Вечерва на репертоарот на „Театар комедија“ е претставата „Мечка“ од Антон П. Чехов, а средствата ќе бидат донирани за лекување на скопјанка којашто има оштетен вид. Претставата е во режија на Димче Николовски и играат актерите: Жарко Димоски, Жаклина Петровска и Илија Илиоски.