„Театар комедија“ ќе соработува со „Драмски“ од Бугарија

Денеска во  Благоевград ( Бугарија) македонскиот  „Театар комедија“  и Драмскиот театар  „Никола Вапцаров“  од Благоевград потпишаа договор за меѓународна соработка.  Директорите на двете институции, Сашо Ристовски и Александар Галперин, и нивните соработници се договорија за заемна размена, гостувања,  учества на фестивали и соработка на нови проекти со цел продлабочување на соработката помеѓу театрите и државите.

Scroll to Top