„Тексас“ доаѓа на „Скопје колинг“

By

Една од најголемите британски поп-рок атракции на сите времиња, „Тексас“, првпат ќе настапи на Балканот. Тие ќе бидат хедлајнери на вториот фестивалски викенд на „Скопје колинг 2018’“ и ќе настапат на 23 јуни.

„Тексас“ досега има продадено преку 40 милиони албуми. Тие во Скопје ќе се претстават со сите свои најголеми хитови: Say What You Want, Inner Smile, I Don`t Want A Lover, Summer Sun, In Demand и други. Организаторите „Авалон продукција“ најавуваат извонредно шоу за сите генерации.

Сите детали околу билетите ќе бидат познати на 6 март.

Ќе ви се допадне