Во хотелот „Александар палас“, веравечер се „Виенскиот бал“ во Скопје. И оваа година долги тоалети, мажи во смокинг, високи потпетици, шминки, фризури, гламур….Од минатата година, „Виенски бал“ во Скопје е ставен и на светската мапа виенски балови, а голем број странски дипломати и гости уживаа во оригиналната програма на балот, покрај домашната балска публика.
Балот го отвори конзулката и подсекретарка на амбасадата на Република Австрија во Македонијa, г-ѓа Габриеле Јанежиќ, а стотина уметници се погрижија публиката да остане на нозе до рано наутро. За танцот со звуците на валцерите се погрижи оркестарот „Јохан Штраус“ – триесет професионални музичари, кои музицираа под диригенство на Бисера Чадловска.
Петар Ренџов и „Тумбао салса бенд“, мајстори на живата свирка, го преполнија подиумот на „Виенскиот бал“ и предизвикаа восхит во салата. Доцна во ноќта, публиката танцуваше и уживаше и во настапот на еден од најмоќните вокали на нашата поп-рок сцена, Нина Јанева, која настапи во придружба на „2Ексит“ и виртузот на сакасафон, Горан Папаз.
И годинава „Виенскиот бал“ и елегантните гости беа во служба на хуманоста. Компанијата „Охридски бисер Филеви“ и Државна лотарија на Македонија им овозможија на гостите на балот да ја покажат својата хуманост, а собраните средства се наменети за граѓанската организација на лица со и без хендикеп „Полио плус“.
Балот е во организација на Здружението за културна соработка „Јохан Штраус“ и покровителство на – Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија.