Традиционален василичарски концерт во МОБ

На 12 и 13 јануари 2018 година во Македонската опера и балет ќе се одржи традиционалниот концерт по повод празникот Василица.

Оваа година концертот носи наслов Simply Тhe Вest, а организаторите направија избор од најдобрите поп-рок хитови од ’80 и ’90 години. Публиката ќе има можност да ги слушне With or Without You, Freedom, I Drove All Night, Listen to Your Heart, Mystify, Simply the Best, Black Velvet и многу други. Светските хитови ќе ги испеат Александар Тарабунов, Ѓоко Танески, Бени Шаќири, Горан Наумовски, Даниел Данн, Елена Петреска, Ана Мицковска, Александра Јанева, Дани Димитровска, Наташа Малинкова, Лена Заткоска, гостинот од Хрватска Бојан Јамброшиќ и оперските солисти Наде Талевска и Ѓорѓи Цуцковски.

Пејачите ќе настапат во придружба на големиот оркестар на Македонската опера и балет, а диригент ќе биде Бисера Чадловска.

Првиот василичарски концерт Македонската опера и балет го одржа 1993 година.

Scroll to Top