Од 6 до 8 јули во Дојран ќе се одржи музичкиот „Д фестивал“. Од „Пасворд продукција“ велат дека ова се три дена резервирани за фестивалската слобода. Тие очекуваат неколку илјадници пријатели, преку 100 изведувачи кои ќе настапат на 4 бини, а ќе биде отворен и камп за беспрекорно одвивање на единствениот летен open-air музички фестивал во Македонија.
Disc Fink, Горан Трајкоски, Дуке Бојациев, Who See, Riot Days by PussyRiot Theatre, Koala Voice и Пол Ван Дајк се само дел од изведувачите кои ќе бидат на отворањето на фестивалот. Атрактивното психоделично-шаманско трио My baby е најновото име што го потврди своето учество на „Д фестивал“.
Билетите за „Д фестивал“ чинат 600 денари.