Три дена журка со елктронска музика на Халкидики

By

Од 28. април до 1. мај во Калитеа (Халкидики, Грција) ќе се одржи музичкиот фестивал “Halkidiki Adventure Festival”, во организација на компанијата “Event Academy Bulgaria”. Овој фестивал, втора година по ред, ги собира на едно место локалните и регионалните ДиЏеи и љубителите на електронската музичка сцена. Во рамки на трите фестивалски денови, свои настапи ќе имаат артисти од електронската музичка сцена од Бугарија, Германија, Франција, Велика Британија, Грција, Македонија, Шпанија и САД, меѓу кои: Анд. Ид (And.Id), Клептон (Claptone), Детлеф (Detlef), ДЈ Лион (Dj Lion), Габриел Дел (Gabriel Del), Хектор Коуто (Hector Couto), Каизер Сузеи (Kaiser Souzai), Леонардо Гонели (Leonardo Gonnelli), Методи Христов (Metodi Hristov), Попоф (Popof), Павел Петров (Pavel Petrov), Санте (Sante), Симон Либерали (Simone Liberali), Стефано Ноферини (Stefano Noferini), Вангелис Костоксенакис (Vangelis Kostoxenakis), Емилијан Иванов (Emiliyan Ivanov), Eма (Emma), Маршал Рохас (Marshal Rohas), Николај Иванов (Nikolay Ivanov), Стефан Попов (Stefan Popov), Стефан Џи (Stephan Gee), Версус (Versus), Владимир Карчев (Vladimir Karchev), ПАВСА (PAWSA), Сенди Ривера (Sandy Rivera), ДЈ Никифор (DJ Nikifor), Џуниор Папа (Junior Pappa) и ДЈ Антонио (DJ Antonio).

“Фестивалот ‘Halkidiki Adventure’ за прв пат го организиравме во 2017 година. Оваа тридневна деноноќна забава се одржа во рамки на комплексот хотели со 4 ѕвездички “Атос Палас“ со една единствена цел – да ги извлечеме локалните, бугарски артисти надвор од земјата и да ги запознаеме луѓето од Регионот со нив. Оваа година по втор пат го организираме настанот во Калитеа, Халкидики, Грција за сите љубители на електронската музика и се надеваме дека со овогодинешната програма присутните гости уште повеќе ќе уживаат и со насмевка, убави спомени и желба за повторно дружење и забава ќе се вратат во своите домови.“ – изјави Организаторот на Фестивалот.

Овогодинешното издание на фестивалот се состои од 6 забави во 3 дена на 3 локации. Вкупно 3 од забавите се дневни, од кои 2 ќе се одржат на главната сцена поставена на плажата на Хотелите – Соработници на фестивалот. Љубителите на електронската музика може да ја набават својата фестивалска влезница – “Rave pass“  за фестивалот “Halkidiki Adventure Festival” преку официјалната страна на компанијата организатор: www.eventacademy.net.

Ќе ви се допадне