Тројна промоција на „ДНК“

Андреј и Панчо, познати како „ДНК“ во понеделник ќе имаат тројна промоција за да одбележат 16 години постоење на македонската музичка сцена. Тие пред своите пријатели и гости ќе го промовираат спотот за новата песна „Дијамант“, албумот The best of и ДВД од концертот одржан лани во Метрополис арената во Скопје по повод јубилејниот 15. роденден.

Андреј и Панчо најавија дека на албумот The best of ќе има 22 најголеми хитови, меќу кои и „Авион“, „Стојам сам“, „Невозможна мисија“, „Пази се од мене“, „Таа тоа го крие“, „Полна месечина“, „Навлечен на тебе“, „Она е од Шутка“, а како бонус трака ќе биде новата песна „Дијамант“ која ја направија Панчо и Лазар Цветковски.

Scroll to Top