Во сабота (14 јули) во 15 градови во Македонија ќе се одржат концерти со кои ќе се прославува поканата за влез на Македонија во НАТО. На журките ќе настапат вкупно 40 изведувачи, а организатор на прославата е Владата на Македонија.
Главната прослава ќе се одржи во Градскиот парк во Скопје од 21 часот, велат организаторите, а ќе настапат Кирил Џајковски, Архангел и Кепурдат. Освен нив, низ Македонија ќе пеат и Кристина Арнаудова, Елена Ристеска, Слаткаристика, Дани Димитровска, Дуке Бојаџиев, Адријан Гаџа, Биг Мама, Ферус Мустафов, Ареа, Владо Јаневски и други.