Балканската ѕвезда Цеца Ражњатовиќ на 28 јули ќе одржи голем концерт во Охрид, на стадионот „Билјанини Извори”.
Песните од новиот албум „Анџео другог реда”, „Лажов ноторни” , „Аутограм”, „Јадна ти је моја моќ”, „Трепни”, „Дидуле” и многу, многу други безвременски хитови, фолк-ѕвездата ќе ги пее пред македонската публика. Таа во Охрид ќе има повеќечасовен концерт , за кој се најавени и изненадувања за публиката. Билетите ќе бидат пуштени во продажба на 9 мај (среда) и истите може да се набават преку продажната мрежа на „Купи карти за сѐ”, „Пола Југотон” и „Цвеќарница Розе – Веро 2“.