Ученици од Гостивар најуспешни на Државното првенство во скијање

Средношколци од гостиварската гимназија постигнаа најдобри резултати на Државното првенство во скијање за основци и средношколци.

Ученикот Виктор Петков го освои првото, а Воислав Синадиноски второто место. Ментор на средношколците скијачи е професорот Александар Анастасоски.

Државното првенство традиционално го организира Федерацијата на училишен спорт на Македонија. Годинава, натпреварувањето се одржа на Пелистер во Битола. Во машка и женска конкуренција се натпреваруваа вкупно 240 ученици од основните и средни училишта во Македонија.

Scroll to Top