Уште осум дена за пријавување на Скопскиот маратон

Оваа година „Визер – Скопски маратон“ ќе се одржи в недела, 6 мај со почеток во 8.30 часот. На агендата повторно се маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон и трката на 5 километри. Светската рекордерка Пола Редклиф ќе биде промотор на „Визер – Скопски маратон“.

Пријавувањето за трките на „Визер – Скопскиот маратон“ трае до 27 април 2018 и остануваат уште само 8 дена заинтересираните да се вклучат на овој традиционален маратон. Оваа година во соработка со Eventbaxx од Германија маратонот воведе дигитален стартен пакет, кој ќе ги замени хартиените материјали со цел да се зголеми заштитата на животната средина.

Сепак, во стартниот пакет, во зависност од тоа на која трка се пријавени учесниците, се вклучени маици со лого од трката, стартен број со чип, дигитален стартен пакет од Eventbaxx, освежување, онлајн-диплома, осигурување од несреќен случај за време на траење на маратонот и подарок од партнерите. За повеќе детали и за пријавување може да се посети официјалната веб-страница на „Визер – Скопски маратон“ http://skopskimaraton.com.mk и преку неговиот партнер за онлајн-регистрација https://www.smartrace.club/.

Scroll to Top