ЖРК Вардар не успеа да стане европски шампион, откако, загуби со минимални 26-27 од Ѓер по одиграните две продолженија, Ѓер останува европски шампион по драматичниот меч во Будимпешта.
Едуарда Аморим се разгира во продолжението за да им донесе водство од два гола на унгарските шампионки, водство од кое „црвено-црните“ не успеаја да се вратат. И покрај ова, Андреа Џанаѓија го имаше последниот напад за израмнување, но голманката Киш го одбрани ударот за славје на унгарскиот шампион.
Со ова се става крај на една ера за македонскиот женски ракомет и за ЖРК Вардар, во кој македонскиот клуб стана еден од великаните во Европа, откако главниот спонзор Сергеј Самсоненко реши да се повлече од клубот. Поголемиот дел од врвните ракометарки следната година ќе играат во други европски клубови, токму како противниците на Вардар во Фајнал форот – Ѓер, ЧСМ Букурешт и Ростов.
🔥 Amorim responds Amanda Lekic’s goal and sent teams to overtime in the Final of the Women’s EHF FINAL4 in Budapest.@audietokc_gyor vs @VardarZRK #budapest2018 #ehfcl #ehffinal4 pic.twitter.com/ylkp5KZmcy
— EHF Champions League (@ehfcl) 13 May 2018