Реномираниот српски џез пијанист со македонско потекло Васил Хаџиманов со неговиот бенд, вечерва ќе свири на Неделата на дизајн во Скопје, каде што ќе го промовира својот шести албум Alive. Минатата година тој прослави 20 години работа со бендот. Албумот што ќе се промовира вечерва го снимиле на живо во пет различни места, а реномираниот магазин „Даунбит“ од САД го прогласи за едно од врвните изданија на 2016 година.