Вечерва концерт на Боб Џејмс трио во Македонска филхармонија

Музичарот, композитор и продуцент Боб Џејмс вечерва со своето трио ќе настапи во Македонската филхармонија. Концертот, кој е дел од неговата светска турнеја, ќе почне во 19:30 часот.

Во неговиот тридневен престој во Скопје тој присуствуваше и на концертна свирка на македонскиот бенд „Кабадајас“ и се запозна со дел од скопската музичка сцена.

„Минатата година настапував во Охрид со мојот бенд ‘Форплеј’. И навистина уживав во градот, за време на концертот и во гостопримливоста на луѓето. Еве ме сега во главниот град на вашата земја. Имам малку време, но доволно за уште еднаш да се уверувам дека ова е прекрасна земја и луѓе со многу вкус, умешност и знаење за музиката. Нетрпелив сум вечерва да настапам со моето трио во Македонската филхармонија,“ вели Боб Џејмс.

Светската музичка критика го дефинира Џејмс како таткото на смут џезот. Тој има над 50 издадени албуми, продадени во милионски тиражи и неколку освоени Греми награди.

Scroll to Top