(Видео) Ал ди Меола одржа два концерта во Скопје

Виртуозот на гитара, Ал ди Меола, вчеравечер одржа два концерта едноподруго во Македонската опера и балет. Пред македонската публика тој се претстави со материјали од неговите постари албуми, свиреше музика од Ленон и Макартни, а ја отсвире и песната Cerreto за која рече дека ќе се најде на неговиот нов албум, кој ќе биде промовиран дури следната година.

Музичарот во голем дел од својата кариера свирел со Пако де Лусија и Џон Меклахлин, а многумина ги сметаат за најдобрите гитаристи на сите времиња. Ди Меола во Скопје овој пат настапи со Пео Алфонски, кој го придружуваше на гитара и Питер Казас на тапани и перкусии. Пред крајот на концертот на сцената им се придружи и Македонецот Тони со својата хармоника и дополнително ја размрда атмосферата. Секоја песна на Ди Меола, пак, беше наградена со аплауз и силни овации.

Популарниот гитарист во Скопје настапува вторпат, а во организација на Авалон продукција пред неколку години одржа концерт и на Антички театар во Охрид.

(А.Ј)

https://www.instagram.com/p/Bb73WdLHqJq/

 

Scroll to Top