(Видео) „Една љубов“ во Скопје

Во градски парк Скопје денес се одржа првиот од осумте концерти наречени „Една љубов“. „Една љубов“ се одржува вторпат и на едно место го претстави најкарактеристичното од културата, уметноста, музиката и кулинарските традиции меѓу Македонија и Бугарија.

На првиот концерт во Скопје настапија Љубојна, Слаткаристика, Некст тајм, хорот „Златно славејче“, а настап ќе имаат и Сашко Коцев, Ансамбал Булгаре, Деси Добрева и Фолтин.

На фестивалот ќе настапат музичари од Македонија и од Бугарија. Дел од концертите годинава, исто како лани, ќе се одржат во градови низ Македонија, а неколку концерти ќе се одржат во Бугарија.

Scroll to Top