Познатата балканска музичка ѕвезда Марија Шерифовиќ, синоќа одржа голем солистички концерт во салата Борис Трајковски во Скопје. Ова е прв концерт на српската победничка на Евровизија, кај нас. Комотна и спонтана на сцената, во преполната сала, Шерифовиќ ги доби симпатиите на публиката која во еден галс ги пееше нејзините најголеми хитови како „Молитва”, „Бол до лудила”, „Паметна и луда”, „Горка храброст”…За ќеф на публиката таа отепа и по некоја песна од поп-ѕвездата Тоше Проески, што беше причина плус, публиката да ужива во нејзиниот настап.