12-годишната Марија Спасовска на 30 мај во „Јавна соба“ го промовираше својот прв спот за песната „Играј со срце“.
„Песната е тинејџерска, наменета за младата популација, ама мислам никој никој нема да остане рамнодушен на ритамот на песната“, рече Марија.
Песната има македонска и српска верзија. Македонскиот текст го напиша Огнен Неделковски, а српскиот текст е дело на Тоде Николетиќ. Музиката и аранжманот ги направи Немања Михајловиќ.
Марија досега има испеано седум песни на детските фестивали. Таа се натпреваруваше во музичкото шоу „Кастинг талент шоу“ од каде се избираа музичари за првиот македонски мјузикл „Тајно моја“. Има освоено и две награди, двапати второ место на настапите во Минск, Белорусија и во Струга. Таа има добиено и награда за трето место во Витебск, Белорусија, на „Славјански базар“, а ја пееше песната „Црно и бело“ од Калиопи.