Синоќа во Дансинг салата на Младинскиот културен центар се одржа втората фестивалска вечер на 17-от ОФФест на која настапија петчлениот македонски состав „Фајтинг виндмилс“ (Fighting Windmills) и петчлениот американско-австралиско-турски состав „Диртмјузик“ (Dirtmusic).
„Фајтинг виндмилс“ (Fighting Windmills) беа единствените македонски учесници во рамките на годинашниот фестивал. Тие го промовираа најновиот албум „An Exercise in Surprise“ што го објавија во април годинава.
По нивниот настап на истата сцена во МКЦ концерт се појави петчлената американско-австралиско-турска група „Диртмјузик“ (Dirtmusic), составена од аериканските музичари Крис Екман и Крис Броков и Австралиецот Хуго Рејс (Тhe Bad Seeds) и Мурат Ертел (Баба Зула), со гитарите во раце ја креираа нивната нова, многу возбудлива музичка структура. Овие мултиинструменталисти, од различен бекграунд, синоќа се соединија во еден заеднички јазик.
Нивниот албум „Bu Bir Ruya“ на едно место содржи пост-панк, турска психоделија, фанк, рок и електроника.