Пејачката Маја Оџаклиевска вечерва ја доби наградата за трајни вредности на „Златна бубамара“. Престижната награда ѝ ја доделија сестрите Тијана и Тамара. Па откако се заблагодари, Маја ги испеа своите хитови „Многу солзи исплакав“ и „Буди добар као што сам ја“.
Таа во свој стил, се симна од бината, се прошета меѓу публиката во преполната арена „Борис Трајковски“ и предизвика бура овации.