На 26 ноември во главниот град на Грузија ќе се одржи јубилејното 15. по ред издание на детската „Евровизија“, во чии рамки ќе се натпреваруваат вкупно 16 земји, вклучувајќи ја и Македонија. Нашата претставничка годинава е талентираната Мина Блажев, која ќе се натпреварува со песната „Dancing through life“.
Во продолжение погледнете ја првата генерална проба на младата Мина.