Со светски хитови, песни од Балканот и перформанс во живо, Салваторе Ганачи ја крена на нозе публиката на „Охрид колинг“. Светскиот диџеј направи вистинско шоу, испреплетено со балади, техно, турбо-фолк и хаус музика.
Настапот го почна со македонски ритам, продолжи со светска музика, а некаде на средина од шоуто публиката ја изненади со песна од Синан Сакиќ, за кој искоментира „Почивај во мир Синан Сакиќ“. Според Ганачи, сè е во љубовта. Тој рече: „Ако нема љубов, нема живот.
Сакајте се“. На стадионот „Билјанини извори“ се пееше „Ѓурговден“, „Први пољубац“ од Халид Бешлиќ, They Don’t Care About Us од Мајкл Џексон, а сетот заврши со One love од Мајкл Џексон. Ганачи не го заборави ниту неговиот починат колега Авичи, а дел од неговиот сет беше и Wake me up.
Илјадиници луѓе беа воодушевени и коментираа дека вакво нешто не се случило во Македонија, со позитивни критики за диџејот и фестивалот. Ганачи е роден во Босна и Херцеговина, а растел во Шведска. Оваа година тој настапуваше на Ultra Music Festival, и на главната сцена од Tomorrowland Festival. Утре на „Охрид колинг“ ќе настапи Армин ван Бурен, а организаторот, „Аволон продукција“, очекува над 15000 посетители.
К. Ландов