Вечерва, 5 август, во Античкиот театар во Охрид, Владо Јаневски ќе одржи голем концерт по повод 25 години соло-кариера, која започна со песната „Црно тиквешко“, а после која следеа безброј хитови.
Концертот е во организација на „Авалон“, а влезниците по цена од 500 денари за партер и 800 денари за трибини се во продажба преку мрежата на „Купи карти за сè“ низ цела Македонија.
Популарниот пејач и автор, кој во моментов е актуелен со хитот „Главен град на тагата“, прославата ќе ја продолжи и на 17 август на „Струмица опен фест“, како и на 24 август на Широк сокак во Битола, а сето тоа ќе кулминира наесен во ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје.