Во недела ќе се одржи традиционалната Дедомразовска трка

Во недела на 24 декември во Скопје ќе се одржи традиционалната Coca-Cola Дедомразов-ска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во главниот град.

Трката покрај натпреварувачки има и забавен карактер па во неа се добродојдени да се пријават учесници од сите старосни групи. Должината на патеката е само 2 километри и мо-жат да ја истрчаат и деца во придружба на родители.

Пријавувањето се одвива преку веб страницата www.prvdovrv.mk. Со пријавувањето, секој учесник добива целосен дедомразовски костум, составен од палто, панталони, капа, ремен и брада.

За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место. Пред и по трката се предвидени музичка програма, загревање со фитнес инструктор и церемонија на прогласување на победниците.

Стартот на трката е закажан за 12 часот пред Скопје Сити Мол, а подигнувањето на старт-ните пакети од 10 часот на денот на трката.

Трката ја организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв од Скопје.

Scroll to Top