Во Скопје отворен првиот музеј на илузии

Денеска во Скопје се отвори „Илузиум“, првиот музеј на илузии кај нас. Музејот на илузии е еден од најголемите музејски атракции во светот.

Музејот на Илузии има три ката и е еден од најголемите во Европа, со најмногу инсталации, а нуди незаборавно визуелно искуство, каде што реалноста е целосно испревртена.

Музејот се наоѓа во центарот на градот, спроти швајцарската амбасада и ќе биде отворен секој ден од 8 до 20 часот. Има мноштво соби, галериски експонати, реквизити и претставува место за забава на сите возврасти. Покрај многуте постери со илузионистички (оптички) елементи, има и посебни амбиентални делови – лилипут рум каде што сѐ е со намалени димензии, опозит рум – просторија во која подот е всушност на таванот, мирор рум – соба полна со огледала…

 

Scroll to Top