Tрадиционално по осми пат, од 23 до 25 февруари во хотелот „Александар Палас” ќе се одржи саемот за венчавки „Вединг викенд експо 2018″. Годинава заштитно лице е тв-презентерката Александра Велинова. И оваа година македонски креатори, декоратери, фотографи, ресторани ќе бидат на едно место за да им покажат што е тренд и да им помогнат на идните младенци во идеите околу организацијата на свадбите. Организатор на настанот е тимот на магазинот за културата на венчавките www.vobelo.mk.